Австралијанецот одлепи во второто коло во Синсинати

Рекордна казна од 113.000 долари за Кирјос, ама џабе е, памет сигурно нема да му дојде

Контроверзниот тенисер од Австралија доби рекордна казна од 113.000 долари за циркузот кој го направи во второто коло во Синсинати, а може и дополнително да биде суспендиран.

Ник Кирјос имаше нов испад, во второто коло во Синсинати го пцуеше судијата, го навредуваше, искрши два рекети, а на крајот наместо да му подаде рака на судијата, плукна кон неговиот стол.

За циркузот кој го направи, контроверзниот тенисер од Австралија доби парична казна од 113.000 долари, која е рекордна.

АТП сепак нема да застане тука, целиот инцидент останува под лупа и Ник Кирјос може да добие дополнителна казна или суспензија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе