ФИА пресече дека се работи за копија од Мерцедес

Рејсинг Поинт казнет со 15 бода и 400.000 евра но ќе може да го користи спорниот дел

ФИА го казни Рејсинг Поинт со 15 бода и 400.000 евра бидејќи задните сопирачки биле копија на оние на Мерцедес, тимот сепак ќе може да го користи спорниот дел во иднина.

Уште на тестирањето во Барселона на сите им беше јасно дека болидот на Рејсинг Поинт многу наликува на Мерцедес од 2019 година. Од таборот на Рејсинг Поинт признаа дека инспирација земале од шампионскиот болид на „сребрената стрела“ но се правдаа дека не ги прекршиле правилата.

Копирањето не е забрането, оваа практика се применува со години и тимовите често земаат идеи на ривалите, но одредени делови треба да бидат самостојно развиени и изработени.

Па по втората трка во Австрија, Рено ги оспори сопирачките на Рејсинг Поинт, или поточно каналите за ладење на задните сопирачки.

ФИА денеска пресече и реши да го казни Рејсинг Поинт со одземање на 15 поени во генералниот пласман на конструктори (по 7,5 бода за двата болиди на Штаерското ГП) како и парична глоба во износ од 400.000 евра.

Тимот исто така беше опоменет поради користењето на сопирачките на ГН на Унгарија и ГН на Британија.

Сепак, Рејсинг Поинт ќе може и во иднина да го користи спорниот дел, ФИА не очеува спорните сопирачки да бидат редизајнирани во овој дел од сезоната.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе