Формула 1

Ред Бул ставен во тесно, Хонда ја напушта Формула 1!

Хонда утрово објави дека ја напушта Формула 1, јапонскиот производител на автомобили се повлекува од најбрзиот циркуз по крајот на сезоната 2021.

Ред Бул и сестринскиот тим Алфа Таури ќе мора да си бараат нов снабдувач на мотори, Хонда утрово соопшти дека ја напушта Формула 1. Јапонскиот производител на автомобили се повлекува на крајот од сезоната 2021.

Хонда си заминува од најбрзиот циркуз за да се насочи кон целта да биде јаглерод неутрална до 2050 година и инвестиции во истражување на нови мотири и технологии за добивање енергија.

Хонда се врати во Формула 1 во 2015 но партнерството со Мекларен не донесе успех и јапонскиот производител често добиваше критики. Но договорот со Ред Бул се покажа како прилично успешен, минатата сезона беа забележани три победи.

Оваа сезона, Хонда стана единствениот производител во хибридната ера кој победил со два различни тима откако Пјер Гасли со Алфа Таури приреди изненадување на ГН на Италија и триумфираше во Монца.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе