УФЦ 249

Реакцијата на Хабиб по победата на Гејчи над Фергусон (ФОТО)

Актуелниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов на интересен начин преку социјалните мрежи реагираше на победата на Џастин Гејчи над Тони Фергусон. 

Хабиб требаше да се бори со Фергусон, но нивниот дуел беше откажан поради коронавирусот, Нурмагомедов не можеше да пристигне во САД.
 
Гејчи беше замената за Хабиб, и тој направи изненадување откако со импресивно издание го победи Фергусон со технички нокаут и го доби појасот за привремен шампион.
 
Веднаш откако заврши борбата меѓу Гејчи и Фергусон, Хабиб на својот твитер профил напиша само: „Без коментар“.
Победата на Гејчи значи дека УФЦ фановите уште ќе чекаат за меч меѓу Фергусон и Хабиб. Работите сега се менуваат, Хабиб би требало да го добие Гејчи за следен противник и против него да го брани шампионскиот појас.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе