Формула 1

Расел покажа дека може да се носи со најдобрите, Ботас до пол-позиција на втората трка во Бахреин

Валтери Ботас победи во квалификациите на втората трка во Бахреин, Финецот за нијанса беше побрз од неговиот тимски колега за овој викенд, Џорџ Расел и Макс Верстапен од Ред Бул.

Џорџ Расел важи за еден од најперспективните возачи на гридот, овој викенд доби шанса да покаже што умее во болидот на Мерцедес како замена за Луис Хамилтон, кој е позитивен на ковид-19.

Младиот Британец беше одличен на слободните тренинзи и денеска се замеша во битката за пол-позиција. На крајот сепак за малку остана краток, или поточно за 0,026 секунди.

Валтери Ботас со време од 0:53.377 беше најбрз на скратената верзија на патеката Шакир и стигна до пол-позиција.

Макс Верстапен исто така беше многу блиску до врвот, неговиот најбрз круг беше 0:53.433 или побавен за 0.056 секунди. Друштво во вториот ред ќе му прави Шарл Леклер, кој беше најдобар од останатите.

Потоа следуваат Серхио Перез, Дани Квјат, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Пјер Гасли и Ленс Строл.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе