Формула 1

Расел го шокираше двоецот на Ферари во Унгарија и стигна до првата пол-позиција во кариерата!

Изненадување во квалификациите на ГН на Унгарија, Џорџ Расел ги шокираше Карлос Саинц и Шарл Леклер и стигна до првата пол-позиција во Формула 1.

Џорџ Расел се радува на својата прва пол-позиција во Формула 1, младиот Британец на големо изненадување денеска беше најбрз во квалификациите на ГН на Унгарија.

Макс Верстапен имаше проблеми со погонската единица, сите очекуваа битката да се води помеѓу Шарл Леклер и Карлос Саинц, но Џорџ Расел го шокираше двоецот на Ферари со време од 1:17.377 во последните мигови од сесијата.

Карлос Саинц, кој веќе беше виден како победник во квалификациите, на крајот мораше да се задоволи со позицијата број 2, додека пак Шарл Леклер ќе се најде во вториот ред заедно со Ландо Норис.

Потоа следуваат Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Даниел Рикардо и Макс Верстапен.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе