Шокантна одлука на „Фуријата“

Рамос и Иниеста се побунија но не помогнаа, Лопетеги доби отказ од Шпанија!

Шпанија го избрка селекторот Холен Лопетеги на ден пред светското првенство и на 48 часа пред дуелот со Португалија, не помогна ниту бунтот на играчите

Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија пресече, Хулен Лопетеги доби отказ. Тој утрово имаше итен состанк со селекторот поради кој најавената прес конференција се одложи за дури час и половина.

Се говореше дека стратегот најверојатно ќе остане откако се замешале играчите и свое мислење дале капитените Серхио Рамсо и Андрес Иниеста, кои сметале дека е најдобро да нема промени.

Сепак, првиот човек на федерацијаа не се предомислил, се појави сам на пресот и соопшти дека Хулен Лопетеги нема да ја предводи „Фуријата“ на мундијалот во Русија.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе