Мечот траеше повеќе од три часа, а Рафаел Надал успеа да спаси четири меч топки и да го победи Гофан.
Првиот сет Надал го доби со 6-3, во вториот белгискиот тенисер беше подобар со 7-5. а во третиот решавачки се играше тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (11-9).
Надал во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Нори и Алкараз.
Познати се останатите три четвртфинални парови, Ѓоковиќ - Хуркач, Рубљов - Циципас и Оже Алиасим - Зверев.
Доколку Ѓоковиќ и Надал ги добија своите противници во четвртфиналето, ќе имаат меѓусебна пресметка во полуфиналето.