Шпанецот уште еднаш покажа зошто е крал на земјата

Рафаел Надал по 12. пат го освои Ролан Гарос!

Рафаел Надал имаше уште еден брилијантен турнир на Ролан Гарос, Шпанецот покажа зошто е крал на земјата откако по 12. пат го освои престижниот грен слем турнир.

Кога земјината подлога е во прашање, на Рафаел Надал му нема рамен со години, 33-годишниот тенисер по 12. пат го крена големиот трофеј на Ролан Гарос.
 
Овој пат во реприза од минатогодишното финале, го совлада Доминик Тим со 3-1 (6-3, 5-7, 6-1 и 6-1).
 
Рафаел Надал досега победил на сите финалиња на Ролан Гарос на кои настапил. Од неговиот прв трофеј досега, само уште тројца тенисери победиле на овој турнир во Франција, Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе