УС ОПЕН

Рафаел Надал го освои УС Опен и дојде до својата 16. грен слем титула

Рафаел Надал лесно во три сета го победи Кевин Андерсон во финалето и дојде до својата трета титула на УС Опен.

Шпанскиот тениски ас имаше фантастичен турнир кој го круниса со убедлива игра и победа над Кевин Андерсон за вкупно 16. грен слем титула во кариерата.
 
Како и во претходните натпревари така и во финалето Надал покажа моќ и без поголеми потешкотии го совлада противникот, овој пат Андерсон со 6-3, 6-3 и 6-4.
 
Ова беше втор освоен грен слем турнир за Надал оваа година по победата на Ролан Гарос. Австралија Опен и Вимблдон му припаднаа на Федерер.
 
„Бев изненадување во јануари, сега не сум толку големо изненадување, нели?“ - изјави Надал кој оваа година се врати на највисоко ниво.
 
„За мене лично е неверојатно тоа што ми се случува оваа година по неколку години со проблеми, повреди, моменти кога не играв добро. Од самиот почеток на сезоната имам големи емоции“.
 
Со освојувањето на УС Опен, Надал има 16 грен слем титули, само три помалку од Федерер кој има 19. Шпанецот вели дека можноста да го стигне Швајцарецот не претставува дополнителна мотивација за него.
 
„Не ми треба таква мотивација. УС Опен сам по себе е мотивација. Сериозно. Не мислам за тоа дали Федерер освоил два, четири или 24 туринири. Го следам мојот пат, и тоа што ме мотивира е мојата кариера, а не кариерите на другите“ - додава Надал.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе