Претседателот на Русија со нови честитки

Путин се сретна со Хабиб и порача: Тие што ќе нè нападнат однадвор...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се сретна со ММА борецот Хабиб Нурмагомедов и неговиот татко Абдулманап, по големата победа на УФЦ 229 над Конор Мекгрегор.

Борецот од Дегестан се стекна со светска слава откако изминатиов викенд во Лас Вегас го победи Конор Мекгрегор со давење во четвртата рунда и ја доби најголемата битка во историјата на УФЦ.

По триумфот, Хабиб Нурмагомедов откри дека имал телефонски разговор со претседателот Владимир Путин од кого добил честитки.

На маргините на форумот „Русија – земја на спорот“,  претседателот на Русија денеска имаше средба со Хабин и неговиот татко и уште еднаш му честиташе на борецот за „заслужената и убедлива“ победа над Конор Мекгрегор.

Владимир Путин исто така го прокоментирал и инцидентот кој се случи по крајот на борбата, кога Хабиб Нурмагомедов рипна од кафезот и почна да се тепа со публиката.

„Секој од нас би можел да рипне од кафезот на таков начин. Кога сме нападнати однадвор, не само ти, сите би можеле да скокнеме на таков начин... луѓето кои нè напаѓаат ќе зажалат“ – рекол Путин. „Но најдобро е да не стигнеме до тој момент“.

Медиумите исто така велат дека Владимир Путин го замолил Абдулманап Нурмагомедов да не го казни премногу строго својот син за испадот. Таткото на Хабиб најави дека ќе биде прилично остар кон својот син бидејќи го прекршил неговото основно правило, да има почит кон другите.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе