Рускиот претседател се сомнева во исправноста на казната

Путин: Одлуката за суспензија на Русија има политичка позадина

Претседателот на Русија, Владимир Путин смета дека одлуката за суспензија на неговата земја од големите светски спортски натпреварувања не се заснова на принципите на олимпиското движење. 

Путин смета дека казните треба да бидат индивидуални, а не колективни. Секој треба да одговара за постапки и не може некој да е виновен за делото на друг.
 
„Треба да ја анализираме оваа одлука на ВАДА за руските спортисти. Најважно, според мое мислење, а мислам и дека сите се согласуваат со ова, е дека секоја казна, како што беше од времето на римското право, треба да биде индивидуална и да тргне од она што го сторило едно или друго лице. Казните не можат да бидат од колективна природа и да важат за луѓе кои немаат никаква врска со одредени прекршувања. Мислам дека стручњаците од ВАДА го разбираат и ова, но ако некој од нив донесе вакви одлуки за колективни казни, тогаш ми се чини дека има причини да верувам дека ваквите одлуки не се засноваат на чистотата на светските спортови, туку имаат политичка заднина. Ова нема никаква врска со интересите на спортот и олимпиското движење“, изјави Путин.
 
Русија синоќа доби четиригодишна суспензија од големите спортски натпреварувања, Олимписките игри 2020 и Светското фудбалско првенство 2022 поради големиот допинг скандал. Спортистите од оваа земја кои сакаат да настапуваат и имаат остварено пласман ќе го прават тоа под неутрално име и знаме.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе