По година и пол

Публиката се враќа на спортските натпревари во Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека со олабавувањето на мерките ќе се дозволи и враќање на публиката на спортските натпревари. 

Повеќе од година и пол спортските натпревари во Македонија се одржуваат без публика поради пандемијата на коронавирус.
 
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја информираше јавноста дека во делот на олабавување на мерките спаѓа и враќањето на публиката на спортските настани.
 
Публиката се враќа и на спортовите на отворено и во салите, но до 30 проценти од капацитетот на објектот. Сите присутни ќе мора да носат маски.
 
Министерот соопшти дека е донесена одлука и за отворање на фитнес центрите и теретаните.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе