На големо задоволство на австралиската публика, Ешли Барти ја освои титулата на Австралија опен во женска конкуренција.
Таа беше фаворит и имаше одличен старт на мечот, првиот сет го доби со 6-3, но сет за кој се зборува е вториот.
Во вториот сет Колинс поведе со 5-1, но и покрај тоа Барти не се предаде, освои четири гејма по ред и изедначи на 5-5. Следниот гејм и припадна на Американката, но Барти изедначи, а тајбрејкот го доби убедливо со 7-2 и големата радост можеше да почне.
Таа во моментов е најдобро рангирана тенисерка на светот, а таквиот статус го оправда во Мелбурн.
Утре со почеток од 9:30 часот, се игра машкото финале меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.