Австралија опен

Првпат по 44 години Австралија доби шампионка на АО, Барти го крена пехарот

Ешли Барти со 2-0 ја победи Даниеле Колинс и по многу долго време ѝ донесе сингл титула на Австралија на нивниот грен-слем турнир. 

На големо задоволство на австралиската публика, Ешли Барти ја освои титулата на Австралија опен во женска конкуренција.
 
Таа беше фаворит и имаше одличен старт на мечот, првиот сет го доби со 6-3, но сет за кој се зборува е вториот.
 
Во вториот сет Колинс поведе со 5-1, но и покрај тоа Барти не се предаде, освои четири гејма по ред и изедначи на 5-5. Следниот гејм и припадна на Американката, но Барти изедначи, а тајбрејкот го доби убедливо со 7-2 и големата радост можеше да почне.
 
Таа во моментов е најдобро рангирана тенисерка на светот, а таквиот статус го оправда во Мелбурн.
 
Утре со почеток од 9:30 часот, се игра машкото финале меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе