ЗОИ 2018

Првиот настап за Македонија во Пјонгчанг неславен, Јада убедливо последен на спринтот

Знаменосецот Ставре Јада имаше слаб настап во спринтот во класичен стил, македонскиот нордиец мина последен низ целта на денешните квалификации

Првиот настап на Македонија на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг помина неславно. На денешните квалификации во спринт во класичен стил, Ставре Јада беше убедливо последен.

Нашиот знаменосец го освои 79. место од 80 натпреварувачи, но еден беше дисквалификуван. Ставре Јада имаше време од 4 минути, 23 секунди и 85 стотинки, и задоцнување од речиси 18 секунди зад натпреварувачот пред него.

Македонскиот нордиец имаше задоцнување од една минута и 15 секудни зад побендикот во овие квалификации, Ристомати Хакола од Финска.

Ставре Јада уште пред да замине за Пјонгчанг најавуваше дека спринтот во класичен стил не е негова најсилна страна, и шансата за подобар резултат ќе ја бара на трката на 15 километри слободно, која ќе се вози во петок.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе