Мекларен за прв пат по 2012 се радува на победа во Формула 1, попладнево во Монца, Даниел Рикардо мина прв низ целта. Возачот од Австралија одлично стартуваше и ја поведе трката пред Макс Верстапен, Ландо Норис и Луис Хамилтон.
Се држеше под контрола до првото влегување во бокс, а потоа во прилог му беше и инцидентот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон, кога давајцата ривали за титулата се судрија и ја завршија трката.
Даниел Рикардо не погреши ниту кога безбедностано возило се тргна од патеката, па сосема заслужено триумфираше.
За радоста да биде поголема, Ландо Норис се погрижи за еден-два победа. Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас, кој имаше одлична трка со многу претекнувања откако стартуваше како последен
Во бодови уште завршија Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон.