Формула 1

Прва победа за Мекларен по 9 години, Рикардо слави во Монца!

Даниел Рикардо триумфираше на ГН на Италија за прва победа на Мекларен по 3.213 дена, за радоста да биде поголема, Ландо Норис се погрижи за еден-два победа.

Мекларен за прв пат по 2012 се радува на победа во Формула 1, попладнево во Монца, Даниел Рикардо мина прв низ целта. Возачот од Австралија одлично стартуваше и ја поведе трката пред Макс Верстапен, Ландо Норис и Луис Хамилтон. 

Се држеше под контрола до првото влегување во бокс, а потоа во прилог му беше и инцидентот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон, кога давајцата ривали за титулата се судрија и ја завршија трката. 

Даниел Рикардо не погреши ниту кога безбедностано возило се тргна од патеката, па сосема заслужено триумфираше.

За радоста да биде поголема, Ландо Норис се погрижи за еден-два победа. Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас, кој имаше одлична трка со многу претекнувања откако стартуваше како последен 

Во бодови уште завршија Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе