Веднаш го напушти Олимпиското село

Прв случај на допиниг во Пјонгчан, натпреварувач од Јапонија е испратен дома

21 годишниот Кеи Саито е првиот натпреварувач кој на ЗОИ во Пјонгчанг падна на допиниг тест, Јапонецот си ги спакува куферите и го напушти Олимпиското село

Прв случај на допинг во Пјонгчан и тоа од натпреварувач од Јапонија, земја која се гордее на својата чиста слика и до сега немаше ниту еден паднат допинг тест на Зимските Олимписки игри.

Се работи за 21 годишниот Кеи Саито, кој бил позитивен на „ацетазоламид“, диуретик кој се користи за прикривање на забранета супстаца за подобрување на перформансите.

Натпреварувачот во брзо лизгање на доброволна основа ја прифатил привремената суспензија и се согласил да го напушти Олимпиското село. Сепак, Кеи Сато вели дека е невин и најави дека ќе се бори за да го докаже ова.

„Шокиран сум, никогаш не сум се обидел да се допингувам” – се вели во неговото соопштение.

„Тренирам во анти-допинг средина. Никогаш во животот не сум земал стеориди па нема потреба да прикривам нешто, и никогаш не сум имал потреба да ја намалам тежината со употреба на овој лек”.

„Па немам никаква мотивација да го користам. Сакам да докажам дека сум невин, но во исто време не сакам дополнително да им ја отежнувам задачата на моите колеги па ја прифаќам одлуката за привремена суспензија”.

Кеи Саито требаше да се натпреварува во штафетата на 5000 метри, која е на програмата во среда.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе