Прв пат по 28 години нема да се одржи Охридскиот маратон

Поради пандемијата на коронавирус оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски маратон, Светската пливачка федерација ја откажа целата сезона. 

За прв пат по 28 години нема да се одржи традиционалниот Охридски маратон, информираат од ПФСМ.
 
„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020 година (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25 километри, и олимписка дисциплина 10 километри) НЕМА да се одржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020 година во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“.
 
„ПФСМ и ФИНА посакуваат пред се, многу здравје на сите спортисти и спортски работници, професипнална работа за што поскоро да уживаме на нови официјални пливачки натпревари. Воедно Ве информираме дека за 2021 година, ПФСМ, Охрид и нашата држава, согласно одлука од ФИНА ќе бидат домаќини покрај на овие два пливачки маратони (25 км. – 21.08.2021, и 10 км. - 28.08.2021) од ФИНА- светска серија и на повеќе реномирани официјални пливачки натпревари во пливање и далечинско пливање, со единствена цел Охрид да прерасне во еден од три светски центри за пливање и далечинско пливање“, информираат од Пливачката федерација на Северна Македонија која ја предводи Маленко.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе