Формула 1

Прв формула 1 возач заразен од коронавирус

Серхио Перез нема да настапи на престојната трка за Големата награда на Британија, тој е првиот формула 1 возач кој е позитивен на ковид-19. 

Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез денеска не се појави во тимот поради тоа што бил во изолација откако неговиот прв тест за коронавирус бил позитивен. 
 
Денеска му е направен уште еден тест, по кој и дефинитивно е потврдено присуството на ковид-19 во неговото тело.
 
„Перез е во самоизолација по инструкциите на авторитетите на јавното здравство и ќе продолжи да ги следи процедурите“, стои во дел од соопштението на Формула 1.
 
Тимскиот портпарол потврди дека во самоизолација се и мал број на членови на тимот кои биле во контакт со Перез. Тие повторно ќе бидат тестирани.
 
Перез е првиот возач позитивен на ковид-19 откако почна сезоната во Формула 1, досега беа направени над 5000 тестови.
 
Тој ќе ја пропушти претојната трка во Британија на патеката Силверстоун, а можно е да не се појави и на следната која се случува на истата стаза.
 
И покрај отсуството на Перез, Рејсинг Поинт пријави двајца возачи.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе