Формула 1

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост го даде своето мислење за сегашната форма на Себастијан Фетел и серијата грешки што пилотот ги дозволи.

Последниот инцидент се случи за време на Големата награда на Велика Британија, кога тој го удри во задниот дел Макс Верстапен од Ред Бул.

– Фетел погрешно ја процени ситуацијата и гледаме дека Себастијан не е во најдобра форма во овој момент, и овој маневар беше доста комплициран за да се заврши. Можно е однесувањето на Фетел да се должи на губење на концентрација, мотивација и објективна проценка на ситуацијата. Тој не се претставува добро, рече Французинот.

Во генералниот пласман, Фетел заостанува 100 поени од Луис Хамилтон, кој има 223 поени.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе