Претседателот ќе се заложи за Ристо Донев, интернационален мајстор во дописен шах

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети 60-годишниот Ристо Донев, лице со церебрална парализа, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах. Тој го запозна претседателот Пендаровски со неговите шаховски достигнувања, со освоените бројни признанија, медали и пехари, но и со предизвиците со коишто се соочува 13 години, неговите успеси да бидат институционално признати во нашата држава со што ќе му се овозможи, како што вели, заслуженото право на спортска пензија.

Во соопштението од кабинетот на шефот на државата се информира дека татково Трајко Донев, потсетил на годините кога поради неможноста да посетува училишна настава, лично тој го образувал својот син.

„Ги нагласи вложените натчовечки напори на Ристо, што и покрај атипичниот развој, придонеле за целосно искористување на неговата натпросечна интелегенција. Тој ја истакна загриженоста за егзистенцијалното прашање на Ристо во иднина, бидејќи надлежните институции сметаат дека асоцијацијата која ги организира големите натпревари во дописен шах не е составен дел на Светската шаховска федерација ФИДЕ, а поради нивниот став не му следува спортска пензија.

Претседателот Пендаровски му ги честиташе на Ристо неговите исклучителни успеси коишто се поттик, позитивен пример и гордост за целата држава. Во пресрет на судското рочиште за докажување на основите на неговото барање, претседателот ја нагласи нeопходноста надлежните институции, сериозно да ги разгледаат аргументите и посветено и одговорно да пристапат кон решавање на случајот на Ристо.

Ристо Донев е човек со многу таленти и широк спектар на познавања. Освен исклучителните достигнувања во шах, се занимава и со пишување книги, поезија и проза, а поседува и напредни вештини во областа на информатичките технологии“, се вели во соопштението на претседателот Стево Пендаровски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе