УФЦ

Познато е колку заработиле УФЦ борците изминатиот викенд, Сехудо си заминал со повеќе пари од Гејчи и Фергусон

Хенри Сехудо не беше во главната борба, но заработил најмногу од изминатиот УФЦ настан. 

Иако овој спорт станува се повеќе популарен, УФЦ борците се уште заработуваат многу помалку од некои други спортови, пример драстично помалку од боксерите.
 
Хенри Сехудо кој е шампион во бантам категоријата заработил најмногу, повеќе од Џастин Гејчи и Тони Фергусон кои беа во главната борба.
 
Хенри Сехудо заработил 390.000 долари, од кои 350.000 само да се појави и 40.000 бонус, според „Спортс Дејли“.
 
Џастин Гејчи кој го победи Тони Фергусон во главната борба заработил вкупно 380.000 долари, од нив 250.000 се за појавувањето, 50.000 за борба на вечерта, 50.000 за перформанс на вечерта и 30.000 бонус.
 
Тони Фергусон исто како и Гејчи дома си замина со 380.000 долари, од нив 350.000 за појавувањето и 30.000 бонус.
 
Само уште тројца борци на настанот заработија над 300.000 фолари. Фабрицио Вердум 340.000, Ентони Петис 330.000 и Франсис Нагану 320.000.
 
Како за споредба, неделната плата на Озил е 430.000 долари иако тој во последната сезона ретко игра. Еден УФЦ борец не може да заработи толку во една борба која му се случува поретко од еднаш во два месеци.
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе