АТП финале

Познати се групите за завршниот турнир во Лондон

Извршена е ждрепката за турнирот во Лондон, осум тенисери ќе се борат за престижниот пехар. 

Од 10 до 17 ноември О2 Арената во Лондон ќе биде домаќин на завршниот АТП турнир. Денеска беше извршена ждрепката.
 
Осумте тенисери се поделени во две групи кои оваа година ќе се викаат „Андре Агаси“ и „Бјорн Борг“.
 
Во групата „Андре Агаси“ се Рафаел Надал, Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александар Зверев.
 
Во групата „Борн Борг“ се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Доминик Тим и Матео Беретини.
 

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе