Средства ќе добијат 620 тенисери

Потег за поздрав, Вимблдон не се игра но ќе бидат поделени 10 милиони фунти во награди

Организаторите на Вимблдон соопштија дека ќе бидат поделени 10 милиони фунти во награди и покрај тоа што најпрестижниот тениски турнир нема да се игра, парите ќе завршат кај 620 тенисери.

Пандемијата на коронавирус придонесе Вимблдон да се откаже за прв пат по Втората светска војна. И покрај тоа што нема да се игра најпрестижниот тениски турнир, организаторите решија да поделат 10 милиони фунти во награди.

Пари ќе завршат кај 620 тенисери кои според рангот имале шанса да се најдат во квалификациите или главната ждрепка.

256 тенисери кои требаше да се најдат во главната ждрепка ќе добијат по 25.000 фунти, 224 тенисери кои требаше да настапат во квалификациите ќе добијат по 12.500 фунти, 120 тенисери кои требаше да настапат во двојки во главната ждрепка ќе добијат 6.250 фунти.

Средства ќе има и за 20 тенисери во инвалидски колички, кои ќе добијат 6.000, односно 5.000 фунти.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе