Успеавме да земеме еден сет, и тоа е добро, но во трите сета кои ги загубивме бевме многу послаби од Турција.
Почнавме лошо, првиот сет го загубивме со 25-16, но во вториот следеше одлична игра на нашите одбојкари кои успеаа да израмнат на 1-1 откако го добија сетот со 25-18.
Сепак во продолжението Турција покажа дека е поквалитетна од нас и буквално не растури, следните два сета ги доби со 25-18 и 25-12 за победа од 3-1.
Утре од 18 часот мораме да ја победиме Босна и Херцеговина, а во сабота во вториот дуел со Турција ќе се бориме за пласман на Европското првенство на кое ќе одат сите првопласирани и петте најдобри второпласирани од седумте групи.
Легенда под Главна слика
Фото: ОФМ