Вимблдон јуниори

Пораз на Ивановски, Македонецот пропушти голема шанса за полуфинале

Калин Ивановски по голема борба во три сета го загуби четвртфиналето од шпанскиот тенисер Роденас со 1-2 (6-3. 6-7, 4-6).

Многу малку фалеше за историско полуфинале на јуниорскиот Вимблдон за Ивановски, нашиот тенисер имаше голема шанса во вториот сет, но за жал ја пропушти.
 
Ивановски почна одлично, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0.
 
Во вториот сет Роденас имаше водство од 5-1 во гејмови, но Ивановски не се предаде и успеа да дојде до 5-5. Потоа двајцата ги земаа своите следни сервиси и мечот отиде во табјрејк. И тука беше клучот, македонскиот тенисер имаше предност од 5-2 во тајбрејкот, му фалеа само два поени за да го добие мечот, но Шпанецот доби пет поени по ред и го доби тајбрејкот со 7-5. Израмни на 1-1.
 
Третиот решавачки сет Роденас го доби со 6-4 и победи со 2-1 за пласман во полуфиналето.
 
И покрај елиминацијата, Калин Ивановски покажа дека е голем талент кој има светла тениска иднина.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе