Здравствената состојба на Германецот останува тајна

Поранешниот менаџер на Шумахер обвинува: Сопругата ја крие вистината, затоа не ми дозволува да го посетам

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер ја обвини сопругата на Германецот дека ја крие вистината за здравствената состојба на седумкратниот светски шампион и затоа не му дозволува да го посети својот добар пријател.

Михаел Шумахер во декември 2013 година имаше скијачка несреќа на Алпите и заработи повреда на главата. И покрај тоа што поминаа многу години, во јавноста има малку информации за неговата здравствена состојба.

Семејството не открива детали, а ретко дозволува никој поранешен соработник да го посети Германецот, па затоа само од време на време првиот човек на Формула 1, Жан Тод ќе соопшти некое ново инфо.

Контакт со Михаел Шумахер нема ниту неговиот поранешен менаџер Вили Вебер, кој околу 20 години се грижеше за неговата кариера и му обезбеди неколку богати договори.

Во разговор со медиумите од Германија, тој сега ја обвини сопругата на Михаел Шумахер, вели дека таа ја крие вистината, па затоа не му дозволува да го посети својот добар пријател.

„Знам дека Михаел беше сериозно повреден и ништо повеќе, не знам дали има забележано прогрес или нешто слично. Се прашувам како е, дали може да се поздрави или да направи гест со лицето. Би сакал да го видам, но неговата сопруга Корина не ми дозволува. Таа се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Верувам дека може да се опорави, бидејќи знам дека е голем борец.  Доколку има шанси, тој ќе успее. Ова не може да биде крајот. Се молам секој ден за него и убеден сум дека ќе го видиме повторно“ – вели Вили Вебер.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе