Поради коронавирусот Иџе нема да настапи на првата трка во Италија?

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе има проблеми да отпатува во Италија за трката на патеката Мугело наредниот викенд. 

Италија ги затвори границите за државјаните на Македонија поради големиот број на случаи на коронавирус, а тоа му создаде проблеми на Иџе да отпатува на првата трка од новата сезона.
 
„Ве известуваме дека настапот на првата трка во Италија, на патеката Мугело, наредниот викенд 18-19.07.2020 г. е доведен под сериозен знак прашалник по објавата дека се затвораат границите за државјаните на Македонија за влез во Италија. Во моментов правиме напори да изнајдеме начин да отпатуваме, но времето е се пократко. Во четврток треба да сме пристигнати во Италија за да може регуларно да се пријавиме на патеката. Доколку некој познава процедура како да се влезе во Италија во вакви околности молиме да не контактира!“, напиша Иџе на својот фејсбук профил.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе