Добар настап на македонскиот пливач

Поп Ацев 13. на трката на 25 километри на СП во пливање

Евгенија Поп Ацев на 13. место ја заврши 25 километарската трка на Светското првенство во пливање кое се одржува во Гвангжу, Јужна Кореа. 

Поп Ацев имаше солиден настап на 25 километри на Светското првенство. Со време од 4 часа, 54 минути и 39,90 секунди ја исплива делницата. 
 
Македонскиот пливач имаше 3:33 минути заостанување зад победникот Аксел Рејмонд од Франција кој го држи и рекордот на Охридскиот маратон. Втор заврши Кирил Балјаев од Русија, додека трет Алесио Очипинти од Италија.
 
Ова беше последен настап за Поп Ацев кој претходно настапи и на трката на 10 километри и го освои 51. место од 63 натпреварувачи.
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе