Формула 1

Пол позиција за Хамилтон во Абу Даби

Шампионот Луис Хамилтон обезбеди пол позиција за последната трка оваа сезона која утре ќе се вози на патеката во Абу Даби, Ферари ќе стартуваат од вториот ред. 

Луис Хамилтон кој веќе ја прослави шампионската титула, имаше најбрз круг на денешните квалификации за големата награда на Абу Даби.
 
Второ најдобро време имаше неговиот клупски колега Валтери Ботас но поради промена на моторот тој ќе стартува последен.
 
Во првиот ред до Хамилтон ќе биде Макс Верстапен кој имаше трето најдобро време.
 
Од вториот ред ќе стартуваат болидите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.
 
Утрешната трка за Големата награда на Абу Даби која е и последна оваа сезона стартува во 14:00 часот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе