Формула 1

Пол позиција за Ботас во Остин

Валтери Ботас ја освои пол позицијата за Големата награда на САД, извозе најдобро време во квалификациите, 1:32.029. 

Валтери Ботас ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка во Остин за Големата награда на САД, тој беше најбрз во денешните квалификации.
 
До него во првиот ред ќе биде Себастијан Фетел кој имаше заостанување од само 12 илијадити делови од секундата, трет беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
 
Од четвртото место ќе стартува Шарл Леклер од Ферари, а дури петти е Луис Хамилтон кој ќе има шанса утре да дојде до титулата.
 
Од шестата позиција ќе стартува Александер Албон а во најдобрите десет се уште и Карлос Саинц, Ландо Норис, Даниел Рикардо и Пјер Гасли.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе