На 93-годишна возраст почина Милка Бабовиќ, легендата на спортското коментирање во поранешна Југославија.
Таа беше репрезентативка во атлетика на Југославија, а двапати беше и светска студентска шампионка во трчање на 80 метри со пречки.
Дури 17 пати беше шампионка на Југославија, а 27 пати го рушеше државнииот рекорд во неколку дисциплина, двапати беше најдобра на Балканот, а на Европското првенство во Берн 1954 година го освои петтото место на 80 метри со пречки.
Од 1949 година почнува да се занимава и со спортско новинарство, а особено е препознатлива по коментирањето на уметничко лизгање. Милка Бабовиќ беше и претседателка на Секцијата на спортски новинари на хрватското новинарско друштво од 1974 до 1978 година.
Бабовиќ е родена на 27 октомври 1928 година во Скопје, а од 1948 година живее во Загреб.