АТП Мадрид

По Надал, Алкараз го елиминираше и Ѓоковиќ за пласман во финалето на турнирот во Мадрид

Големата шпанска тениска надеж, Карлос Алкараз одигра уште еден маестрален меч, по голема борба го победи Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови и се пласираше во финалето на АТП мастерсот во Мадрид. 

Алкараз и Ѓоковиќ одиграа брилијантен меч, неизвесен во сите три сета, а на крајот победи младиот шпански тенисер кој синоќа го елиминираше и Надал.
 
Мечот траеше 3 часа и 38 минути, два од трите сета се играа во тајбрејк. 
 
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 7-6 (7-5), во вториот Алкараз победи со 7-5. А во третиот решавачки се играше вториот тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (7-5).
 
Во финалето Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Циципас и Зверев.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе