Алкараз и Ѓоковиќ одиграа брилијантен меч, неизвесен во сите три сета, а на крајот победи младиот шпански тенисер кој синоќа го елиминираше и Надал.
Мечот траеше 3 часа и 38 минути, два од трите сета се играа во тајбрејк.
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 7-6 (7-5), во вториот Алкараз победи со 7-5. А во третиот решавачки се играше вториот тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (7-5).
Во финалето Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Циципас и Зверев.