Дуелот меѓу Алкараз и Тиафо ги оправда сите очекувања, се играше речиси четири и пол часа, а двајцата тенисери имаа свои блескави моменти.
Првиот сет го доби Тиафо, по голема борба, во тајбрејк кој го доби со 8-6 и поведе со 1-0.
Потоа следуваа два полесни сета за Алкараз, 6-3 и 6-1 за комплетен пресврт и водство од 2-1 во сетови.
Но, Американецот не се предаде, се крена во четвртиот сет и повторно го доби во тајбрек, овојпат со 7-5 и израмни на 2-2.
Третиот решавачки сет Алкараз го доби со 6-3 и победи со 3-2 во сетови за пласман во финалето на УС Опен.
Алкараз за пехарот ќе се бори со Каспер Руд кој во другото полуфинале беше подобар од Карин Качанов со 3-1 (7-6, 6-2, 5-7, 6-2).