Австралија по 42 години ќе има финалистка на големиот грен слем турнир кој се одржува во Мелбурн. За тоа е заслужна Ешли Барти.
Таа во полуфиналето експресно ја победи Медисон Кис со 6-1 и 6-3.
Барти во финалето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Ига Швјонтек и Даниеле Роуз Колинс.