Европско првенство 2021

По 16 години Италија повторно е Европски шампион, ново сребро за Словенија

Италија е новиот одбојкарски европски шампион откако во интересно финале ја совлада Словенија со 3-2 (22-25, 25-20, 20-25, 25-20, 15-11) во сетови. 

Италија го освои Европското одбојкарско првенство, Словенија како и минатиот пат беше поразена во големото финале. Ново сребро за Словенците, овој пат малку фалеше да станат шампиони.
 
Словенија двапати имаше водство во сетови, Италија израмнуваше, на крајот го доби решавачкиот сет и заслужено се радуваше на големиот трофеј.
 
Словенија првиот сет го доби со 25-22, Италија возврати со 25-20 израмнувајќи на 2-2.
 
Третиот сет им припадна на Словенците со 25-20, но Италијаните повторно се кренаа, и со идентични 25-20 израмнија на 2-2.
 
Во решавачкиот петти сет Италија носена на крилијата на фантастичниот 19-годишен одбојкар Микелето го доби сетот со 15-11 и победа од 3-2.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе