Пливачките клубови покренаа иницијатива за смена на Маленко од НПФ (ФОТО)

Македонските пливачки клубови покренаа иницијатива за смена на Александар Маленко од позицијата претседател на Националната пливачка федерација на Македонија со оглед на тоа дека неговиот четиригодишен мандат е истечен. 

„Знаејќи дека јавноста е доволно запознаена со случувањата во Македонското пливање и целиот циркуз кој Прфетседателот Александар Маленко го правеше претходните неколку месеци,голем број на Пливачки Клубови покренаа иницијатива за негова промена односно избор на нов Претседател со оглед на фактот дека мандадтот на Александар Маленко е истечен на 17.11.2021“, велат пливачките клубови.
 
Во продолжение во целост е иницијативата потпишана од страна на клубовите.
 
„Почитуван Александар Маленко, почитувани одговорни спортски чинители, почитувани колеги спортски работници
 
Измина 4-годишниот мандат на Александар Маленко како Претседател на Националната Пливачка Федерација на Северна Македонија. Како иницијативен одбор подржан и потпишан од повеќе од 2/3 (две третини) од сите клубови членки во Федерацијата поднесовме законско и статутарно барање до Претседателот Александар Маленко за свикување на задолжително редовно изборно Собрание на единствената Национална Пливачка Федерација на Северна Македонија. (НПФ)
 
Имајќи во предвид дека Претседателот Александар Маленко упорно го крши Статутот на НПФ со непочитување на основните правила и членови од Статутот како несвикување на редовни годишни собранија, несвикување и работа самоволно без одлуки на Управниот одбор на НПФ грубо прекршувајќи ги членовите 17, 21, 24, 26 и 29 од Статутот и ред други прекршоци, веруваме дека и овој пат истиот кукавички ќе бега и ќе се крие несвикувајќи редовно изборно Собрание.
 
Од тие причини Ве известуваме дека доколку во рок од 14 дена Претседателот не го закаже редовното изборно Собрание на НПФ, ќе го искористиме член 21 од Статутот на НПФ со кој имаме право како иницијатори да го свикаме и легално одржиме истото.
 
Член 21:
 
„Претседателот на НПФ го Свикува собранието најмалку еднаш годишно, а по потреба и почесто. Собранието може да се свика по барање на Управниот одбор, Надзорниот одбор или по барање на најмалку 1/3 (една третина) од вкупниот број на клубови здружени во НПФ. Ако Претседателот на НПФ не го свика Собранието во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на дадениот предлог, Собранието го свикува Управниот одбор или иницијаторите.”
 
Исто така сакаме да Ве известиме дека Управниот одбор на НПФ е позади оваа иницијатива и заеднички ќе учествува во свикувањето на изборното Собрание.
 
Ги повикуваме државните надлежни институции како и најголемата спортска институција, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија будно да го следат овој процес бидејќи одржување на редовно изборно Собрание е демократско основно право за нормално тековно општествено функционирање и уставна темелна вредност која произлегува од демократските вредности и права со која се елиминира можноста за заробеност на институциите од поединци која пак за жал се случува во НПФ изминатиов период“.
 
Со почит,
 
Иницијативен одбор за свикување на редовно изборно Собрание на Национална Пливачка Федерација на Северна Македонија“.
 
 
 
 
 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе