НПФ има план како да се плива во време на коронавирус

Пливачите бараат отварање на базените, тие поднесоа и предлог мерки за пливање во услови на Ковид-19

Националната пливачка федерација бара од Владата да се пуштат базените во употреба, тие до Министерството за здравство испратија предлог мерки за пливање во улови на коронавирус.

Вообичаено ова е период од годината кога пливачките активности се во полн ек, но поради ситуацијата со коронавирусот и овој спорт е во мирување.

Олабавувањето на мерките донесе и почеток на тренинзите во индивидуалните и групните спортови, па Националната пливачка федерација побара од властите да почнат и тие со своите активности, прилагодени на актуелната ситуација.

Барањето на НПФ потпишано од претседателот Александар Филипчев до Владата ви го презентираме во целост:

„Со укинување на рестриктивните мерки кои произлегоа поради ситуацијата со коронавирусот и враќањето на животот во нова нормала,сакаме да Ве запознаеме со потребата од пуштање на базените во употреба и почнување на тренажниот процес на нашите пливачи. Веруваме,знаете дека спортистите се луѓе од навика, на кои секој ден им е претходно испланиран со одредени временски сатници во кои самиот спортист вложува огромен психофизички напор. Сите наши пливачи ги почитуваа мерките пропишани од Ваша страна за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 и како примерни граѓани вежбаа во домашни услови,но тоа вежбање не може да го замени тренингот во вода.Во светот веќе има неколку студии кои покажуваат дека пливањето и спортовите во вода се едни од најбезбедните. Една многу важна работа поради која бараме отварање на базените е влијанието на медиумите,достапот на информации во врска со вирусот Ковид 19 до пливачите и начинот на кој тие го прифаќаат сето тоа. Долготрајното отсуство од нивните секојдневни навики и отсуството од нивната “природна средина” може да влијае на психичкото здравје на пливачите. Отсуството на обврски и однапред познат распоред,секојдневните информации во врска со коронавирусот доведуваат до анксиозност,страв и паника кај пливачите. Неколку релевантни спортски психолози на Балканот и во Македонија излегоа со свои студии за влијанието на мерките предложени од соодветните Влади врз менталното здравје на спортистите,исто така има и голем број на студии кои го објаснуваат влијанието на рестриктивните мерки. Таква студија е неодамна објавената во медицинското списание „The Lancet Psychiatry“ каде што наведуваат  дека психолошките и социјалните ефекти на Ковид-19 се огромни и можат да влијаат на менталното здравје сега и во иднина. Воедно апелираме да се земе во предвид и влијанието на спортот за зголемување на имунитетот на децата. Исто така Националната пливача федерациија веќе изготви план и протоколи за изведување на тренинзи и веќе се изготвени списоци на пливачи кои се поделени во групи. Групите ќе велгуваат на базените според однапред договорен временски термин и ќе почитуваат насоки на движење. Порадии сето горенаведено Ве замолуваме и бараме во најбрзо време да ги отворите базните“.

Националната пливачка федерација изработи и предлог мерки за пливачките активности во сегашната ситуација и ги испрати до Министерството за здравство.

Препораки:

• Да се намали употребата на просториите со намалена вентилација и зголемена влажност како што се соблекувалните и други помали простории,како алтернатива може да се користат трибините на самите базени и терасите(доколку дозволуваат временските услови) на кои секој од клубовите ќе добие соодветен простор. На самите трибини има добра циркулација на воздух и доволно место за одржување на соодветното социјално растојание.
• Сите што ќе влегуваат на базен да носат маски на лицето
• Мерење на температура на влезот од базенот и дезинфекција на рацете
• Да се зголеми употребата на хлор во водата и да се достигне нивото од 2,0 PPM-а
• Да се постават видливи ознаки на подот на базенот кои ќе го покажуват дозволеното физичко растојание.

Пред пливање:

• Пливачите да доаѓаат на базен со веќе облечени купаки и пливачка капа на себе со што родителите нема да се задржуваат во базенот.
• Опремата која се користи во текот на пливањето да се носи од дома
• Да се носи шише со вода за да не мора во текот на тренингот пливачот да излегува за да пие вода со што се избегнува допирање на чешмите
• Доколку е возможно да се избегне допирање на кваки,врати,клупи и др.
• Доколку некој од вашето блиско опкружување не се чуствува добро не е пожелно да се доаѓа на тренинг
 
За време на тренингот:

• Да се следат препораките за социјално дистанцирање и да се одржува растојание од 1,52м во самата стаза и да се ограничи бројот на пливачи во патеката.
• За време на тренингот да не се прави физички контакт со другите,односно да нема ракување и прегрнување
• Да не се допира лицето • Да не се дели опремата за пливање,пешкирот или шишето со пијалот
• Да се намали одењето во тоалет и сите физиолошки потреби да се извршат пред доаѓање на тренинг.
• Да се држи социјална дистанца од другите пливачи во текот на одморот,за ова ќе се користат маркери кои ќе бидат видиливи и ќе се постават на самата ивица од базенот со што секој пливач ќе го знае местото на кое ќе се стои во патеката.
• Задржувањето при одмор за пливачите на сите клубови ќе се прави исклучиво на едната страна од патеката(пливачите од сите клубови да стојат на десната страна од патеката со што се задржува пропишаното растојание помеѓу пливачите)
• Тренерите за време на тренингот ќе носат маски
 
После тренингот:

• Да се напушти базенот веднаш после тренинг
• Туширањето да се прави дома
• Да не се користат соблекувалните

Целото писмо на НПФ со предлог мерките до Министерството за здравство можете да го погледнете на овој ЛИНК.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе