УО на МОК донесе две значајни одлуки

Перо Антиќ е назначен за претседател на Олимпискиот совет при МОК

УО на Македонскиот олимписки комитет на денешната седница донесе две значајни одлуки, Перо Антиќ ќе биде претседател на Олимпискиот совет и усвоен е меморандум за автономија и независност.

На денешната седница на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет, Пето Антиќ доби важна фунцкија, ќе биде претседател на Олимпискиот совет.
 
„На својата 117-та седница, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет донесе Одлука, Перо Антиќ, да биде претседател на Олимпискиот Совет на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет е во исто време и член на Управниот одбор на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.
 
На оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, да се потпише Меморандум за партнерство, соработка и почитување на основните принципи на автономија и независност помеѓу олимписките и спортските организации и Агенцијата за млади и спорт. Овој документ е креиран врз основа на блиската соработка помеѓу ИОК и Организацијата на Обединетите нации (ООН) во која членува и Република Северна Македонија, во рамките на кои ИОК ужива статус на набљудувач, а особено е во соглсаност со принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Обединетите нации усвоена на 31 октомври 2014 година, со која ООН посебно ја потенцират независноста и автономијата на спортскиот систем. Овој документ е во согласност, поддржан е и е одобрен со многу Одлуки, резолуции и препораки од Обединетите Нации, Европската Унија, Генералното Собрание на Советот на Европа, Европскиот суд на правдата и на другите владини меѓународни институции. УО на МОК предложи да започне комуникација и дискусија помеѓу Македонскиот олимписки комитет и Националните спортски федерации од една страна и Агенцијата за млади и спорт од друга страна која ќе резултира со потпишување на овој Меморандум и негова имплементација во новиот Закон за спорт“, се вели во соопштението на МОК.
 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе