Формула 1

Пех за Фетел и радост за Леклер, вториот возач на Ферари со нов рекорд на патеката до пол во Австрија

Шарл Леклер е победник во квалификациите за ГН на Австрија, вториот возач на Ферари стигна до пол со нов рекорд на патеката и време од 1:03.003.

Квалификациите во Шпилберг донесоа многу возбуда. Битката за пол почна со драма откако откажa нешто во болидот на Себастијан Фетел, механичарите неуморно работеа но Германецот не излезе на патеката. 

Во првите брзи кругови, Шарл Леклер беше најдобар, пред Ботас, Верстапен и Хамилтон. Ривалите се обидоа да го загрозат возачот на Ферари во второто излегување на патеката, Хамилтон и Верстапен ги подобрија своите времиња, но Леклер не попушти и со нов рекорд на патеката и време од 1:03.003 стигна до пол. 

Ботас не напредуваше доволно па финишираше како четврти, потоа следуваа Магнусен, Норис, Раиконен, Џовинаци, Гасли и Фетел, кој не постави време. 

Но гридот може дополнително да биде изменет. Луис Хамилтон е под истрага зошто го блокираше Раиконен, а и не се знае какви промени ќе бидат направени во болидот на Фетел, па и тој може да назадува.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе