Историски договор

Патрик Махомс е првиот спортист со договор од половина милијарда долари!

Квотербекот на Канзас Сити Чивс, Патрик Махомс потпиша десетгодишен договор со клубот според кој може да заработи до 503 милиони долари. 

Историски договор со Махомс, тој стана првиот спортист кој се обврзал за соработка вредна половина милијарда долари.
 
Агенцијата која го застапува играчот го потврди неговиот договор: „Честитки за Партик Махомс, постигна согласност за десетгодишно продолжување на договорот вредно 503 милиони долари. Тој добива загарантирани 477 милиони долари. Нема клаузула за заминување. Тој е првиот играч со договор од половина милијарда долари во историјата“.
 
Според „ЕСПН“ договорот е со трајност до 2031 година, вредноста е од 450 милиони долари до 503 милиони долари, во зависност од исполнувањето на клаузулите.
 
24-годишниот Махомс беше прогласен за МВП во 2018 година, а минатата сезона ги предводеше Чивс до победа во Супер Боул мечот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе