За среќа сите поминаа без повреди

Патеката во Поконо е баксузна, нов страшен судир во Индикар (ВИДЕО)

Трката од Индикар серијата во Поконо донесе нов страшен судир, неколку болиди беа искршени, еден дури и се запали, но за среќа сите пилоти поминаа без повреди.

Патеката во Поконо се чини дека е малерозна. Во 2015 почина Џастин Вилсон откако остатоци од болид по еден судар завршија во неговата глава.

Минатата година, Роберт Викенс заврши во болница со тешки повреди, а трката и оваа година беше одбележана од голем судар.

Уште во првиот круг дојде до контакт помеѓу Сато, Роси и Рајан Хантер, а на болидите кои не можеа да се контролираат налетаа Розенквист и Хинчклифт.

Болидот на Сато заврши превртен и запален, но за среќа сите пилоти поминаа без повреди.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе