Формула 1

Падна рекордот на Шумахер, Луис Хамилтон триумфираше и во Португалија!

Луис Хамилтон го надмина постигнувањето на Михаел Шумахер, Британецот попладнево триумфираше на ГН на Португалија и сега е единствениот возач со 92 победи во Формула 1.

Откако пред две недели се изедначи со Михаел Шумахер, Луис Хамилтон уште во првата прилика изби на врвот кога е во прашање бројот на победи во Формула 1. Британецот попладнево триумфираше на ГН на Португалија и сега има 92 победи.

Ладниот асфалт и капките дожд донесоа возбудлив старт на патеката Алгарве во Протимао, Карлос Саинц стартуваше како седми, но за само неколку кругови изби во водство откако ги претекна Макс Верстапен, Луис Хамилтон и Валтери Ботас во директен дуел.

Сепак, откако возачите на Мерцедес ги доведоа во работна температура своите гуми, без многу мака се вратија во водство, најпрво Валтери Ботас го претекна Карлос Саинц, а потоа тоа го стори и Луис Хамилтон.

Шпанецот потоа загуби позиција и во однос на Макс Верстапен и Шарл Леклер, и полека овие четворица возачи почнаа да се одвојуваат од останатите.

Потоа се случи нова промена на врвот, Луис Хамилтон го претекна Валтери Ботас, Британецот веднаш почна да билда предност и беше недостижен за конкуренцијата. Финецот, кој имаше одредени проблеми во вториот дел од трката, мораше да се задоволи со финиш на второто место, а Макс Верстапен со последното место на пиедесталот.

Шарл Леклер беше сигурен на позицијата број четири, а зад него, во финишот имаше интересна битка. На два круга пред крајот, Пјер Гасли го претекна Серхио Перез, а во последниот круг и Карлос Саинц го доби дуелот со Мексиканецот.

Во бодови уште завршија Окон, Рикардо и Фетел.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе