НЕОБИЧНО ОПРАВДУВАЊЕ КОЕ СУДОТ ГО ПРИФАТИ

Падна на допинг тест па се извади со долго и страсно бакнување со девојката

Американскиот атлетичар Џил Робертс со мошне необично оправдување успеа да се ослободи од обвинувањата дека користел недозволена супстанца

Џил Робертс, кој стигна до злато на Олимпијадата во Рио со штафетета на САД на 4х100 метри, во март падна на допинг тест и беше позитивен на супстанцата „пробенецид“.

Во мај, анти-допинг агенцијата на САД соопшти дека и Б-примерокто бил позитивен.

Атлетичарот достави жалба и со мошне необично оправдување успеа да се ослободи од обвинувањата дека користел недозволени супстанци

Тој се извади со „често и страсно бакнување со девојката“, судот му ја тргна суспензијата откако ја ислуша целата приказна.

Имено, девојката на Џил Робертс, Алекс Салазар била неколку недели во Инднија пред да биде направен допинг тестот во март.

Таа во Индија настинала, имала инфекција на синусите па локален фармацевт и препишал по една капсула Моксилонг во следните две недели.

Алекс Салазар кога се вратила во САД продолжила да го зема лекот, но наместо да ја голта капсулата, таа го истурала прашокот во уста и потоа пиела вода.

Пред судот изјавила дека „често и страсно се бакнувала“ со Џил Робертс додека го користела лекот, а таков бил и случајот на 24. март, кога агентите дошле да направат допинг тест, па затоа атлетичарот бил позитивен.

Џил Робертс во своето сведштво објаснил дека не знаел дека неговата девојка го користи лекот Моксилонг, ниту пак тоа дека може да биде позитивен поради бакнување со неа.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе