Контроверзниот момент од синоќешната трка

Откриено зошто стјуардите го казниле Фетел, два детали одиграле клучна улога (ВИДЕО)

Себастијан Фетел остана без победа во Монтреал и покрај тоа што прв мина низ целта, Германецот доби пет секунди казна за небезбедно враќање на патеката и тоа значеше триумф на Луис Хамилтон.

Ферари беше на добар пат да ја прекине доминацијата на Мерцедес оваа сезона, Себастијан Фетел водеше практично цела трка и прв мина низ целта, но Луис Хамилтон беше тој кој се качи на највисокото место на пиедесталот.

Причина за ова е казната од пет секунди која ја доби Себастијан Фетел. Во 48 круг од трката, тој загуби контрола над својот болид на влезот во првата шикана и кога се врати на патеката, за малку ќе дојдеше до контакт помеѓу него и Луис Хамилтон.

Стјуардите сметаа дека тој се вратил на патеката на небезбеден начин и морале да го казнат, додека пак Германецот се правдаше дека не сторил ништо погрешно и дека едвај го исконтролирал болидот по кратката екскурзија по тревата.

„Мотоспорт“ сега открива зошто стјуардите го казниле Себастијан Фетел и два детали одиграле клучна улога.

Извештајот вели дека стјуардите прегледувале успорени снимки и утврдиле дека Себастијан Фетел откако воспоставил контрола над болидот, направил движење во десно со воланот за да го блокира Луис Хамилтон.

Биле користени и снимки од безбедносните камери, кои не биле прикажени во преносот од трката кој го вршеа телевизиите, и на нив се гледало како Фетел кога направил движење во десно со воланот, на ретровизорите гледал каде точно е Хамилтон.

Доколку Себ го задржал својот болид во лево откако воспоставил контрола, тогаш веројатно ќе оставел доволно простор за Луис да го претекне од десно, и во овој случај, немало ниту да биде отворена истрага.

Исто така, од телеметријата на болидот на Луис Хамилтон било забележано дека Британецот морал да притисне на сопирачките за да избегне судар со Себастијан Фетел.

„Мотоспорт“ додава дека ова не е прва ваква казна и потсетува дека минатата сезона, на ГН на Јапонија беше казнет Макс Верстапен, кој откако агресивно се врати на патеката го истурка Кими Раиконен и за малку ќе дојдеше до контакт.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе