Формула 1

Откажана е трката за Големата награда на Холандија

Коронавирусот откажа уште една трка од новата сезона во Формула 1, болидите нема да возат ниту во Холандија на патеката „Зандворт“. 

EPA-EFE/REMKO DE WAAL
Трката за големата награда на Холандија претходно беше одложена, се бараше нов термин, но поради ситуацијата со коронавирусот таа денес и официјално е откажана и нема да се вози оваа сезона.
 
Оваа патека за прв пат по 35 години требаше да се вози во Формула 1, но ќе чека подобри денови.
 
„Макс Верстапен и неговиот Ред Бул ќе мора да почекаат уште една година за да возат пред домашни навивачи. Холандското ГП е откажано поради пандемијата на Ковид-19“, стои во соопштението на Формула 1.
 
Ова е четвртата откажана трка во Формула 1 за оваа сезона, а други шест се преместени. Сезоната треба да стартува на 5 јули во Австрија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе