Нема да може да се одигра ниту во новиот термин

Откажан Мастерсот во Мадрид

Како што и се предвидуваше, тенискиот Мастерс во Мадрид оваа година нема да се одржи поради пандемијата на коронавирус. 

Мадридскиот Мастерс најпрво беше презакажан, требаше да се игра од 12 до 20 септември, но тоа нема да се случи.
 
Денеска доаѓа официјална информација дека турнирот е откажан.
 
Во регуларниот календар Мастерсот во Мадрид требаше да се игра од 1 до 10 мај. 
 
Оваа година се откажаа многу тениски турнири и се уште е нејасно колку ќе се одиграат.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе